HomeTurkish Cargo

turkish kargo logo

Aвиокомпанија со најголем карго капацитет и конкурентни цени од аеродромот Александар Велики” Скопје со врски до најголем број аеродроми во целиот свет.

 

Туркиш Ерлајнс е основана како национална авио компанија во 1933 година. Во 1936 година ја транспортита својата прва меѓународна пратка. Почнувајќи со пошта и важни документи, авионскиот превоз евоулираше со текот на времето за да се исполнат потребите на клиентите. Во 2000 година, како дел од реструктирањето на Туркиш Ерлајнс, карго активностите на Туркиш Ерлајнс беа консолидирани во Трукиш Карго. Туркиш Карго ги прошири своите услуги со редовни карго летови и камионска мрежа за да се исполнат барањата на растечките компании.

 

Туркиш Карго е дел од Туркиш Ерлајнс, ја користи мрежата и флотата од нејзината матична компанија. Моментално е петтиот авио превозник во светот во однос на големината на мрежата и флотата од 223 авиони.

 

Како една од најбрзо растечките авиокомпании во карго индустријата, нуди корисни и сигурни услуги за своите клиенти.

Со нивните патнички авиони, транспортираат карго до повеќе од 240 градови во 100 држави. Исто така организираат редовни карго летови со нивните 9 карго авиони. Покрај тоа, имаат камионски услуги до повеќе од 1000 дестинации до кои сеуште немаат летови. Исто така имаат и повеќе од 67 СПА договори, и 145 договори со други компании во целиот свет, со цел да се пренесе вашата пратка до саканата дестинација.

 fotoarsiv 34b
fotoarsiv 37b
fotoarsiv 6b