HomeКонтакт

TURKISH CARGO

.

Aвиокомпанија со најголем карго капацитет и конкурентни цени од аеродромот Александар Велики” Скопје со врски до најголем број аеродроми во целиот свет.

Туркиш Ерлајнс е основана како национална авио компанија во 1933 година. Во 1936 година ја транспортира својата прва меѓународна пратка. Почнувајќи со пошта и важни документи, авионскиот превоз евоулираше со текот на времето за да се исполнат потребите на клиентите. Во 2000 година, како дел од реструктирањето на Туркиш Ерлајнс, карго активностите на Туркиш Ерлајнс беа консолидирани во Трукиш Карго. Туркиш Карго ги прошири своите услуги со редовни карго летови и камионска мрежа за да се исполнат барањата на растечките компании.

Туркиш Карго е дел од Туркиш Ерлајнс, ја користи мрежата и флотата од нејзината матична компанија. Моментално е петтиот авио превозник во светот во однос на големината на мрежата и флотата од 209 авиони.

Како една од најбрзо растечките авиокомпании во карго индустријата, нуди корисни и сигурни услуги за своите клиенти.

Со нивните патнички авиони, транспортираат карго до повеќе од 200 градови во 91 држава. Исто така организираат редовни карго летови со нивните 7 карго авиони. Покрај тоа, имаат камионски услуги до повеќе од 1000 дестинации до кои сеуште немаат летови. Исто така имаат и повеќе од 67 СПА договори, и 145 договори со други компании во целиот свет, со цел да се пренесе вашата пратка до саканата дестинација.

turkish kargo logo fotoarsiv 34b fotoarsiv 37b fotoarsiv 6b